Сасл да Винчи победи на Сан Ремо и ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија

Сал да Винчи  со песната „Засекога да“ победи на Сан Ремо и ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија кое годинава ќе се одржи во Австрија. Конечниот резултат беше одреден преку комбиниран систем на гласање, при што 33% од резултатите беа од жирито за медиуми (ТВ и онлајн медиуми), 33% од жири комисијата за радио и 34% од јавното гласање.

Годинешното 76то издание на фестивалот донесе 30 нови песни во петте вечери.

Карло Конти како домаќин и уметнички директор на фестивалот се појави по четврти пат. На сцената на Аристон, му се пдридружи Лаура Паусини. На фестивалот, секоја вечер покрај Конти имаѓе и познати личности кои се појавуваат во улога на водители. За финалето на сцената како водители беа Џорџија Кардиналети и Нино Фрасика. Конти објави дека и Стефано де Мартино следната година ќе биде новиот уметнички директор на фестивалот, а кој досега беше уметнички директор на Раи Дуе.

Како специјален гостин на последната вечер настапи Андреа Бочели, само неколку дена откако претходно настапи на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри. Третата вечер го донесе најголемото изненадување на фестивалот кога настапија алисја Кис и Ерос Рамацоти. иако пред настапот имаа технички проблем, сепак нивната изведба беше беспрекорна. Алисја за прв пар запеа на италијански на песната „Аурора“.

Петтата и последна вечер на Санремо, е најважна и наречена големото финале, бидејќи сите 30 натпреварувачи повторно се преставуваат на сцената. Во првиот круг на гласање, гласа само публиката.

Откако заврши натпреварувачкиот дел, бепше објавен резултатот од гласањето и беа познати првите 5, кои влегоа во главната трка за победа, Сал Да Винчи, Сејф, Дитонелапиага, Ариса и Федез и Масини.