Сашо Мијалков од утрово е на слобода
Пуштен на слобода Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање од Струшкиот затвор каде ја издржуваше казната за случајот „Империја“.
Основ за пуштањето на слобода е прифаќањето на неговата жалба од страна на Апелационен суд Скопје, а меѓу другото и поради добро затворско поведение како што изјави во една прилика директорот Ваљон Ќура а повторувајќи и денеска при потврдата дека Мијалков затворот го напуштил околу 9 часот и 30 минути изутринава.
„Беше пример и за другите осуденици. Замина денеска околу 9 часот и 30 минути. Го почитуваше куќниот ред, им помагаше и на останатите во работните ангажмани внатре во затворот, во средувањето на паркот и е шпекулација тврдењето дека Мијалков воопшто не ни бил во затворот.“ - изјави Ваљон Ќура директорот на КПУ Струга,
Директорот, во изјавата за МИА, уште дополнил дека Мијалков до вчера ги извршувал своите работни задачи како шофер за потребите на затворот.
Затворскиот отпуст на Мијалков е условен до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Одлуката на Апелацискиот суд Скопје следеше по жалбата до Кривичниот суд, според која тој првично требаше да оди на условен отпуст кон крајот на годинава.Сепак Скопска апелација на седница зад затворени врати која се одржа на 14 мај, му ја прифати жалбата.