Сарачини во СТУДИО 10: Очигледно е влијанието на руската пропаганда, но не го гледаме одговорот од институциите
Земјава во последните 25 години се соочи со многу тешкотии и природно е да има стравување на граѓанството, но ние немаме друг избор ни друг пат освен западната цивилизација. Останува на политичарите да објаснат на јавноста што значат тие компромиси и тие преговори што ги водиниме со ЕУ, а граѓаните и треба да видат некакви придобивки од тоа, вели Петрит Сарачини од Институт за медиуми и аналитика во СТУДИО 10 на ТВ24.
-Не можам да констатирам дека институциите прават доволно против хибридните напади што ни се случуваат. Слушаме од високи функционери дека имаме хибридни напади и дека успешно се спавуваме со нив. Но, не гледаме што конкретно се прави против тоа, а политичарите не ни објаснуваат што прават во врска со овој проблем за справување со пропагандата и дезинформациите, односно хибридните напади, вели Сарачини.
Метаморфозис објави истражување кое покажа дека најголеми ширачи на дезинформации се политичарите и медиумите. Исто така, истражувањето покажа дека ЕУ шири поголема пропаганда од Русија. Тоа значи дека Русија успеала да навлезе во информативните кругови со своите дезинформации, коментира Сарачини.
Тој додава дека тоа влијание е очигледно и кај медиумите и на социјалните мрежи. Постојат и инфлуенсери на социјалните мрежи кои ги шират истите проруски наративи, вели Сарачини, и додава дека тоа е видливо но не е видливо справувањето со овие појави.