Сарачини во СТУДИО 10: Дезинформациите се опасност за безбедноста на нашата земја
За пропагандата, од каде доаѓа, која и е целта, зошто и како се зајакнува во СТУДИО 10 на ТВ24 разговаравме со Петрит Сарачини од Институт за медиуми и аналитика.
-Ширењерто на пропаганда и дезинформации се случуваат и во развиените демократии. Дезинформациите се опасност за безбедноста на нашата земја. Надворешни центри на моќ сакаат да го насочат јавното мислење и да ја оддалечат земјата од евроинтеграциите, вели Сарачини.
Тој додава дека целата ситуација што се случуваше со нашиот источен сосед беше искористена од тие надворешни центри на моќ. За жал не гледаме соодветна реакција ни од општеството и институциите ни од медиумите на овие напади од дезинформации, додава Сарачини.
-Не е доволно борбата да ја водат изолирани организации, побитно е тоа да го прават медиумите, да ги демаскираат дезинформациите. Публиката почнува да бега од медиумите, не сакаат луѓето да гледаат медиумски содржини затоа што тоа им предизвикува вознемиреност, вели Сарачини.
Тој вели дека она што кај нас се случи на 27 април се случи и со обидот за упад во Капитол Хил во САД, а тоа е производ на дезинформации и манипулации.