Санкционирани 168 возачи во Скопје

Во сообраќајна контрола вчера на територија на град Скопје изречени се 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што информираат од МВР, изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло...

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.