Сан Антонио ја изедначи серијата против Денвер
Foto

Сан Антонио ја изедначи серијата против Денвер

Сан Антонио победи против Денвер со 120:103 и ја израмни на 3:3 серијата од првиот круг од плејофот на Западната конференција на НБА. Ламаркус Олдриџ постигна 26 поени и 10 скокови, а Демар Дерозан придонесе со 25 поени, 7 скокови и 7 асистенции за успехот.

За гостите, Никола Јокиќ беше лидер со 43 поени, поставувајќи клубски рекорд за Денвер во елиминациите. Тој беше блиску до „трипл-дабл“, додавајќи 12 скока и 9 асистенции.

Домаќините почнаа силно и водеа со 22:12, но во вториот дел Денвер направи пресврт за 50:47. Сепак, со подобра игра до паузата, Сан Антонио се повлече со водство од 64:60. Разликата се сочува во третиот дел, но по серијата 17:2 во првите пет минути од последната четвртина, домаќините се повлекоа со 107:87 и на крајот немаа проблеми. Седмиот одлучувачки натпревар е во Денвер.

 

0 Коментари

Остави коментари