Самостојна изложба на Емил Шулајковски во Чифте амам

Во галерискиот простор на Чифте амам, вечер ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник  Емил Шулајковски, насловена „Сенки во облаците“.

Изложбата е дел од програмата на Национална галерија, а куратор е Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос. 

Како што посочуваат од Националната галерија, со најновата изложба на Шулајковски, со која на извесен начин се одбележува и тридецениското творештво на овој автор, не може да се избегне импресијата според која тој својот карактеристичен ликовен ракопис го заснова и дефинира преку бојата како основен сликарски постулат.

Изложбата ќе биде поставена во Чифте амам до 20 октомври 2024 година.