Само шест трки и Леклер веќе е пред разделба со Ферари
Foto

Само шест трки и Леклер веќе е пред разделба со Ферари

Дел од медиумите во Италија објавија дека минатотото Гран-при во Монако би можело да биде клучно за иднината на Шарл Леклер како пилот на Ферари. Според некои изданија, Французинот е на чекор од заминување од Маранело.

Во оваа фаза, веста изгледа премногу сензационално, иако има дефинитивно доволно аргументи за да се поддржи. 21-годишниот Леклер покажа дека има огромен потенцијал во деби кампања со „црните коњчиња“, во која сепак речиси непрестано е ограничен од тимските наредби во корист на клубскиот колега, Себастијан Фетел.

Единствено дефект во моторот за време на трката за Големата награда на Бахреин го лиши младиот пилот од неговата прва кариерна победа, а во неколку наврати преку изборот на стратегија, од Ферари, му даваше предност на Фетел.

Монако беше последниот случај на нееднаквост, откако од тимот не го прифатија барањето на Леклер за уште една брза обиколка во првата фаза од квалификациите. Од „скудерија“ очигледно сметаа дека времето на младиот пилот е доволно добро, но тој се покажа елиминиран токму од Фетел, кој имаше потреба од финален обид во завршните секунди поради удар во заштитниот ѕид претходно во сесијата.

Леклер ја започна трката на 15 место и вложи големи напори да влезе во зоната на поени. Тие не вреодија со плод поради оштетувањата на автомобилотот, кои ги доби при обидот да го претекне Нико Хулкенберг (Рено). Според дел од медиумите во Италија ризичниот пристап бил во спротивност на упатствата на шефовите кои сепак очекувале пласман во топ 10, но постигнат пред сè со едно на ум – сочувување на возилото.

0 Коментари

Остави коментари