Само половината од граѓаните електронски се регистрирале во системот на УЈП
Foto

Само половината од граѓаните електронски се регистрирале во системот на УЈП

За само 20 дена до истекот на рокот, дури 400.000 граѓани треба да тропнат на шалтерите на Управата за јавни приходи за електронски да се регистрираат во системот на УЈП.

Директорката Лукаревска вели обврската ја исполниле околу 50 проценти од граѓаните, и најголемите гужви како по обичај ги очекува пред истекот на рокот.

Од оваа обврска се ослободија пензионерите кои не оставруваат други приходи освен пензија, но сепак вкупната бројка на граѓани кои треба да се пријават е околу 900.000 лица.

Лукаревска вели дека УЈП е подготвена за сите реформи како и за таа за воведување на прогресивното оданочување, која наиде на нож од бизнисот. Четирите комори се изјаснија дека се неподготвени  и бараат одложување на прогресивното оданочување за пет години.

„Во секоја нова реформа која се случува во нашата држава претпоставувам дека ќе наидеме на потешкотии зарадо одредени нејаснотии“ - вели Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Лукаревска најави и нови вработувања, за реализирање на сите најавени реформи кои треба да ги спроведе УЈП.

„ИТ секторот му недостасува кадар, очекуваме дека ќе има нови вработувања, ќе побараме помош и од ИТ секторот во Министерство за финансии“ - смета Лукаревска.

Бизнисот гласно се изјасни дека е против прогресивното оданочување, а покрај домашните реагираа и странските комори во земјава. Последно Германската комора се изјасни дека не го поддржува зголемувањето на данокот на личен доход.

Тврдат дека покрај зголемување на трошоците за компаниите тој ќе создаде и несигурност кај сопствениците на германските компании. Велат не е добро една земја постојано да ја менува даночната политика.

0 Коментари

Остави коментари