Само годинава се регистрирани четири посериозни прекршувања на правата на новинарите, и осум тужби против новинари и медиуми
Физички, психолошки, правни, економски ризици се само дел од примерите од практиката карактеристични за случаи на напади врз новинарите и медиумските работници кои што ги потенцираа на денешното одбележување на меѓубародниот ден за стоп на неказнивоста кон оваа категорија на работници, настан на кој се испрати гласна порака до јавноста дека нападите нема да се толерираат и жестоко ќе бидат осудени.
За десец месеци од оваа година биле регистрирани во системот четири посериозни прекршувања, и осум слеп тужби кои што се цел да извршат влијани кон новинарите и медсиумите кои вообичаено се политичари и функционери. Од министерството за внатрешни работи се на тоа дека веднаш реагираат при вакви случаи.
Државниот обвинител пак Љупчо Коцевски пак меѓу останатото во своето излагање потенцира дека пред седум години кога на 27 април и те како беше загрозена безбедноста на новинарите и снимателите во собраниската зграда, денес се доста побезбедни и обвинителството како институција се залага сите предмети што пристигнуваат до нив бидат разрешени.
Додека пак од синдикалната организација на оваа фела велат дека социјално економските права исто така имаат влијание да новинарите и медиумските работници бидат жрвви на влијанија и ја ограничува слободата на говор.
На дискусијата како препорака за побезбедно извршување на работните задачи ги потенцираа петте чекори кои што треба да се применуваат: анализа на ризиците излегувајќи на терен, нивна дефиниција согласно задачата, внимателност од влијание , мерки за преземање за секој ризик како и правилата и процедурите за минимирање на ризикот при извршување на реренската работа.