Само 169 Бугари од Македонија ќе гласаат на изборите во Бугарија
На претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април до амбасадата во Скопје пристигнале 169 пријави од македонски Бугари кои сакале да си го остварат гласачкото право. Ова го објави министерството за надворешни работи на Бугарија повикувајќи се на податоци од централната изборна комисија. Според списоците на ЦИК, најмногу доаѓаат од Кавадарци и од Прилеп. Во Кавадарци ќе гласаат 42 македонски Бугари, во Прилеп 41 лице, во Струмица ќе гласаат 22 Бугари, за гласање во бугарската амбасада во Скопје пријавени се 15 лица, а во генералниот конзулат во Битола ќе гласаат 9 лица. За гласање во Тетово пријавени се 40 лица. Бугарите од Охрид кои го отворија бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ имаа можност да гласаат на избирачко место во Охрид, но ниту еден од нив не се пријавил за гласање.