Само 11 станови доделени од социјалната зграда во Струмица
Само 11 семејства официјално ги исполниле условите за добивање социјален стан во Струмица иако летово беше објавена прелиминарна листа со имиња на 23 апликанти како потенцијални добитници.
Вкупно 37 станови се уште стојат празни иако социјалната зграда е изградена пред повеќе од три години. Заради законски измени во критериумите за распределба, само со 11 лица ќе се склучат договори.
Како што потенцираше министерот Бочварски, за останатите 26 социјални станови во Струмица ќе одлучува Комисијата за станбени прашања при Владата и ги повика заинтересираните да аплицираат.
Досега имаше три огласа за распределба на социјални станови во Струмица кои се наменети за корисници на социјална помош, деца без родители, самохрани мајки и лица погодени од елементарни непогоди.
Социјалната зграда во Струмица беше изградена во 2018. Тука живеат само лица со посебни потреби кои со процесот на деинституционализација од Заводот за рахабилитација „Бања Банско“ се вселија во четири стана кои беа доделени на Министерството за труд и социјална политика.

