Самит на НАТО во Мадрид, учествува и македонска делегација

Денеска и утре државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски учествува на Самитот на НАТО во Мадрид. Заедно со Пендаровски се министерката за одбрана Славјанка Петровска и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Претседателот пред почетокот на самиот кажа дека ова е уникатна можност на земјите членки на НАТО да покажат кохезија и е едниство за сегашните и задачите во иднина. Тој потенцираше и дека ова е прв пат да се организира НАТО САМИТ додека две европски земји војуваат.

Инаку Пендаровски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади. Во рамки на учеството на НАТО Самитот, предвидено е да остварат повеќе билатерални средби. Запрашан за безбедноста на земјите од западен Блакан претседателот кажа дека Македонија во последните четири години се соочува со хибридни закани од Руската Федерација.

Денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг упати порака дека Русија претставува „директна закана“ за безбедноста на земјите на НАТО кои се собраа на самитот во Мадрид. На НАТО Самитот ќе бидат адресирани ургентните безбедносни предизвици на денешницата и иднината. Лидерските состаноци на Северноатлантскиот совет е предвидено да бидат фокусирани на усвојување на новиот Стратегиски концепт, унапредување на одбранбените капацитети, споделување на товарот и снабдување со ресурси, поддршка за Украина и останати партнерства.