Самит на НАТО во Лондон, 70 години од основањето на Алијансата
Foto

Самит на НАТО во Лондон, 70 години од основањето на Алијансата

Во Лондон денеска почнува дводневен самит на НАТО со цел  да се покаже единството и силата на Алијансата, која ја слави својата 70-годишнина од основањето.

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Лондон синоќа, а лидерите на НАТО ќе бидат денеска гости на кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата.

Сепак, додека се подготвуваат за средба со Трамп, некои европски лидери продолжуваат да ја доведуваат во прашање посветеноста на Вашингтон кон НАТО.

Конфликтите продолжуваат во североисточна Сирија по турската офанзива и одлуката на Трамп да ги повлече американските сили, без да се консултира сојузниците на НАТО. Повлекувањето на САД ја разгоре загриженоста за посветеноста на САД кон НАТО.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“, апелирајќи од Европа да создаде своја безбедносна структура.

Изјавата доби силен одговор од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека европското единство не може да го замени трансатлантското единство.

Според Си-Ен-Ен, далеку од тоа дека е кревка алијанса, НАТО сега е многу помалку еластичен од порано. Затоа, кога лидерите ќе се соберат во Лондон, тие ќе треба да вложат повеќе напори за да премостат некои од нивните разлики.

0 Коментари

Остави коментари