Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ и самит „Западен Балкан и ЕУ“ на 21 и 22 јануари во Скопје

Македонија на 21 и 22 јануари ќе биде домаќин на самитот „Западен Балкан и ЕУ“ и на лидерската средба за планот за раст за Западен Балкан. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Присуство најави српскиот претседател Александар Вучиќ а ќе присуствуваат и албанскиот премиер  и косовскиот премиер Рама и Курти, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ,  како и генералниот директор на директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување – Герт Јан Копман. Најавено е присуство и на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Џејмс О’Брајан, претставници на регионалните организации, советот за регионална соработка, ЦЕФТА и инвестицискиот форум на комори од Западен Балкан, како  и некои меѓународни финансиски институции.