Самит на ЕУ посветен на Украина
Претседателот на Советот на Европска Унија, Шарл Мишел ги покани лидерите на земјите-членки на Европската Унија на самитот закажан за денеска и утре во Брисел.
Главна тема на разговор се очекува да биде Украина.
„Нашата цел е да и обезбедиме на Украина еден милион парчиња муниција во следните 12 месеци и да обезбедиме соодветно финансирање. За таа цел ќе треба да преземеме мерки за зајакнување на производствениот капацитет на европската одбранбена индустрија“ , порача Мишел.