Самит на „Економист“: Процесот на проширување на ЕУ е сѐ уште жив, унијата да ги исполни ветувањата
Foto

Самит на „Економист“: Процесот на проширување на ЕУ е сѐ уште жив, унијата да ги исполни ветувањата

Интеграцијата на Западен Балкан е мал чекор за ЕУ - САД стои зад земјите од регионот што поскоро да станат дел од европското семјство. Ваква порака испрати заменик-помошникот државен секретар на САД Габроиел Ескобар на денешниот Самит на лондонски Економист во Скопје.

Габриел Ескобар стави јасно до знаење дека не се обраќа само во име на американската агенда за регионот, туку дека САД има договор со ЕУ, што точно треба да се направи со Западен Балкан. 

-  Ние имаме договор со ЕУ. Да резимирам во една реченица што сакаме – Тоа е европска интеграција на регионот. Го прифаќаме фактот дека не сите земји од Европската унија сакаат да го видат брзо да се случи процесот на пристапување и овие земји од Западен Балкан сеуште имаат незавршена домашна задача, но овие се прашања за кои САД и ЕУ работат заеднички на нивно решавање. - изјави Габриел Ескобар заменик-помошник американски државен секретар.

Габриел Ескобар денеска порача дека САД веќе не го гледа Балканот како предизвик, туку како можност за соработка со еден од најсилните региони во светот. а алтернативата за влез во ЕУ, во регионот може да донесе само поголема нестабилност .

Екс грчкиот премиер Папандреу побара од ЕУ да се изјасни дали гарантира проширување на Балканот, а поранешниот шеф на германската дипломатија Јошка Фишер порача дека Унијата ќе плати висока цена ако не го интегрира Балканот. 

Јоргос Папандреу екс премиер на Грција -  Мислам, дека ова е огромна историска одговорност на ЕУ. Она што ЕУ може да го каже  и да го направи е да гарантира и да каже дека постојат изгледи и јасен патоказ и еве како ќе се двожиме нанапред. 

- Западниот Балкан припаѓа и мора да припаѓа во Европа, инаку ние како ЕУ на долг рок ќе платиме многу висока цена доколку не ја направиме вистинската работа и да преземе одговорност. - изјави Јошка Фишер екс МНР Германија.

За време на Самитот се отвори и прашање за бугарската блокада на македонските евроинтеграции, а премиерот Заев се изјасни дека шансите за преговори со Софија ќе се зголемат по изборите во двете земји. 

- Дури кога зборуваме заедно на прес конференции тие велат македонски јазик и македонци, но официјално не го признаваат, се надевам дека набрзо ќе го решиме тоа. Во однос на блокадата мислам дека за 50% ќе се зголемат шансите по изборите. Ние продолжуваме со разговорите имаме теми пред двете страни и постои решение. - изјави Зоран Заев премиер на РСМ.

И вицепремиерот Димитров и шефот на дипломатијата Османи дадоа свои оценики во однос на европската интеграција на Македонија и бугарката блокада. Според Димитров треба да се постигне прифатливо решение со европски стандарди и вредности, а официјална Софија треба да преземе одговорност и да покаже лидерство за заедничка иднина. За Бујар Османи, внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав   претставува можност за надминување на спорот со Софија. Тој очекува брзо надминување на разликите.

0 Коментари

Остави коментари