Самит ЕУ - Обединето кралство во Лондон
Британско - Европски самит во Лондон. Пет години по Брегзит, британската престолнина е домаќин на средбата која има за цел да ги подобри односите меѓу двете страни, особено во поглед на прашањата за одбраната.
Британскиот премиер Кир Страмер, кој кога стапи на должност минатиот јули, вети дека ќе ја обнови соработката со ЕУ, ги пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Според една од клучните ставки во договорот кој го постигнаа двете страни, Велика Британија добива пристап до новиот пакт за одбрана и безбедност, фонд на ЕУ во висина од 150 милијарди фунти кој обезбедува заеми за одбранбени проекти.
„Велика Британија се врати на светската сцена. Ова е значаен договор меѓу ЕУ и независна Велика Британија, и означува нова ера во односите. Договорот е добитен за сите, најдобриот од која било земја надвор од ЕУ. Договорите договорени денес, тоа е долг список, но покажува колку многу постигнавме.“ = Кир Страмер премиер на Велика Британија.
Шефицата на Европската комисија пак смета дека двете страни делат иста визија во однос на климнатските цели, миграцијата и почитувањето на правото. Најголемо внимание сепак ќе се посвети на заштитата на границите и внатрешната безбедност.
„Ја засилуваме соработката за да ги заштитиме нашите граѓани. Тоа значи повеќе заедничка оперативна работа особено преку Европол и заедничка размена на информации. Бидејќи како што сите знаеме, криминалот не запира на границите. Ги здружуваме силите за да се справиме со шверцерите и трговците со луѓе.“ - Урсула фон дер Лајен претседателка на Европската Комисија.
Претседателот на Европскиот совет пак вели дека царините меѓу двете страни ќе станат историја и дека се гради ново стратешко партнерство меѓу Брисел и Лондон
„Имаме Многу амбициозен патоказ за враќање на единствениот пазар, не за царините, туку за подобро работење заедно како соседи, партнери, сојузници и пријатели.“ - Антонио Кошта претседател на Европскиот совет.
На самитот беа договорени уште неколку точки за кои двете страни спореа во изминативе години. Во иднина британските туристи ќе можат слободно да патуваат во земјите членки на унијата без да чекаат на границите. Во однос на риболовот, новиот договор го задржува моменталниот статус кво, давајќи им на бродовите од ЕУ континуиран пристап до водите на Велика Британија до 2038 година. За возврат, Велика Британија добива помалку бирократија за храната и пијалоците кои се тргуваат со блокот.