Салвини предупредува на поголем ризик од терористи на бродови со мигранти

 Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска предупреди дека хаосот во Либија, предизвикан од офанзивата на генералот Калифа Хафтар, го зголемува ризикот од присуство на терористи на мигрантските бродови кои се упатени кон Италија.

– Исламската терористичка инфилтрација повеќе не е закана, таа стана извесност: поради тоа, моја должност е да повторам дека на италијанскиот брег повеќе нема да биде дозволено закотвување на бродови, рече Салвини.

Тој не одговори дали ставот на Италија ќе се смени во случај на општа војна во Либија.