Салмонела во мајонез е причината за труење со храна кај децата од кумановската градинка „Ангел Шајче“
Foto

Салмонела во мајонез е причината за труење со храна кај децата од кумановската градинка „Ангел Шајче“

Бактерија салмонела која била откриена во оригинално пакување од мајонез е причина за труењето за децата во кумановската градинка „Ангел Шајче“.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврди дека од вкупно 61 пријава за труење со храна кај децата, кај 31 дете и тројца вработени, изолирана е бактеријата салмонела ентеритидис.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска потврдија дека со испитувањата изолирана е бактерија во мострата од мајонез.

- Забраната за работа на кујната и понатаму продолжува до повторно тестирање на брисеви од сите работни површини кои доаѓаат во контакт со храната и добивање на задоволителни резултати. Наредено е уништување на небезбедната храна која не одговара на микробиолошките критериуми за безбедност. - велат од Агенција за храна и ветеринарство.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, жали за тоа што се случило во градинката и рече дека ќе побара одговорност.

Вкупно 66 деца се пријавени со симптоми од акутно труење со храна со покачена температура, дијареја, повраќање, малаксаност. Во тек, се испитувања на уште пет копрокултури кои пристигнале денеска. Извршена е дезинфекција и направени се вонредно здравствено-хигиенски прегледи на вработени од кујните.

0 Коментари

Остави коментари