Салиу за ТВ 24: На Косово му се брза да го потпише Договорот, на Вучиќ не
Новинарот Исен Салиу во емисијата 24 Отворено истакна дека косовската страна сега е во предност, до пред две недели во изјавите на меѓународните претставници беа тој “деструктивен фактор“.
- Им се брза да го потишат договорот, додека Вучиќ се уште е понерсположен да го направи тоа. Моја проценка е дека Вучиќ кога излегува од Србија, има друг пристап кон преговорите, понеоптеретен, но кога се враќа се соочува со реалноста дека проруското влијание е се уште силно и затоа се тие осцилации во неговите изјави надвор од Србија во споредба со тие кога ги дава во Србија