Салиу: Ќе побараме да не се крши законот со паркирање по улици
Foto

Салиу: Ќе побараме да не се крши законот со паркирање по улици

„Важно е да се работи во 5 столба, транспарентно работење на локалната самоуправа, ефикасна општинска администрација, благосостојба за сите граѓани, општина со стабилен развиток и општина со детален урбанистички план. Со буџетските средства Куманово може да се направи поубав град за живеење. Метежот и паркинг просторот се еден од поголемите проблеми. Сите го гледаме но никако да го решиме. Не ветуваме кружни текови и гаражи, со реални ветувања голем проблем е недостатокот на тротоари, лицата со посебни потреби немаат никаков пристап во градот. Гаражите да се лоцираат на погодни локации, дури откако ќе ги направиме местата за паркирање, ќе побараме да не се крши законот со паркирање по улици. Во моментов пајак-службата е проблем за граѓаните“ - вели Беким Салиу, Алијанса за Албанците и Алтернатива во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари