Салија во 24 анализа: Бараме ние како средно медицински персонал да бидеме препознаени и да имаме наш закон и наша комора
Џеват Салија, медицински техничар од болницата во Гостивар во 24 анализа рече дека, ситуацијата со медицинските сестри е специфична.
Според него, најголем проблем е тоа што не се пепознаени и не се почитувани.
„Реалната ситуација е специфична, пред се ние не сме препознаени, не сме почитувнаи, раководството не го става во прв ред медицинскиот персонал и ние за жал сме најголем фактор во услугата кај пациентие. Ние сме тука при приемот и ние сме 24/7 до пациентот и треба малку да се внимава на овој правец. Бараме ние како средно медицински персонал да бидеме препознаени и да имаме наш закон и наша комора кој ќе не препознае како што треба. Што се однесува до одливот. Проблемот е во тоа што ние не сме ценети и не сме платени. Бараме да одиме во ЕУ но со вакви плати тешко. Таму дневница е 17 евра а кај нас 7 и затоа луѓето за жал мислат дека ќе се ценети повеќе од тука и затоа младите бегаат“, рече Салија.