Сали: Продолжува проверката за можни неправилности при исплата на додатоци и дежурства кај лекарите
Контролите од страна на фондот за здравство продолжуваат и ниту една јавна здравствена установа нема да биде исклучена од оваа фаза на контролирање, порача министерот за здравство Беким Сали, во врска со неодамнешните контроли во неколку клиники по кои оставки си поднесоа директорите на универзитетските клиники за детски болести и за радиотерапија и за онкологија.
Сали рече дека при утврдени неправилности директорите се согласиле самоволно да се повлечат од функциите, што според него е добар показател за свесноста на еден менаџер.
Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема рече дека селективност нема да има и дека се што е направено и ќе се презедно во иднина е врз основа на податоците на директорите и на министерот за здравство.
На барање на министерот за здравство Беким Сали порано месецов оставки си поднесоа директорите на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова и на Клиниката за радиотерапија и онкологија Никола Васев, а исто така беше разрешен и организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.