Сакраменто е седмиот НБА тим што го затвори тренинг комплексот поради коронавирусот
Foto

Сакраменто е седмиот НБА тим што го затвори тренинг комплексот поради коронавирусот

Сакраменто е седмата од вкупно 22 екипи во НБА лигата, кои ќе учествуваат во рестартирање на сезоната, која го затвори тренинг-комплекс поради позитивни тестови на коронавирус во клубот.

Во среда „кралевите“ ќе заминат во Орландо, каде ќе се одржат сите натпревари по продолжувањето на сезоната.

Претходно, Денвер, ЛА Kлиперс, Бруклин, Феникс, Мајами и Милвоки ги затворија своите тренинг центри поради коронавирусот.

0 Коментари

Остави коментари