Сајковски за ТВ 24: ВМРО-ДПМНЕ се уште нема изградено став дали ќе учествува во техничката влада

Ѓорѓија Сајковски генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека до 28 јануари треба Талат Џафери да ги распише изборите, со прв круг на 24 април, а вториот на 8 мај.

- Во рамките на партијата секогаш како рљководсвот ги консултираме сите тела на партијата за да може да изградиме заеднички став и да ја известиме јавноста. Во однос на она што и како ќе постапиме, ќе се направат сериозни анализи дали да се учествува или не во следната влада. Ова е најлошата влада што Македонија некогаш ја имала и тие анализи што ги правиме во партијата ќе продонесат ние како партија да изградиме став кој ќе може да приидонесе ние да имаме свои луѓе во техничката влада. Изминатите избори во 2020 година исто имаше случај каде наш министер за труд и социјала се иззеде од таа влада. Нашите можности сеотворени за влез во таа влада. Очекувањата се да ние партиципираме во таа влада, зошто гледаме дека корупцијата, криминалот и миожноста за поткуп и сомнежот за и за изборниот процес е голем, за ние не учествуваме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ се уште немаме изградено став. По донесување на ставот, тогаш ќе излеземе со соопштение. - вели Сајковски.