Сајковски за ТВ 24: Институцијата претседател на држава стаса до ниско ниво, ВМРО-ДПМНЕ бара кандидат за претседател човек со авторитет

Ѓорѓија Сајковски генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа во емисијата 24 анализа рече дека на 2 март е најавена конвенцијата на партијата, а на 26 јануари ќе имаат централен комитет и ќе распипшат оглас за претседател кој ќе биде предлог од ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 30 делегати.

- Во однос на анкетите, имаше повеќе кандидати кои пројавиле интерес и тој процес е незавршен. како и сите институции, исто и институцијата претседател на држава стаса до ниско ниво. Имаме претседател кој нема став, кој не се согласува со сопственото мислење, и кој е диригиран од некаде што е лошо за државата. Профилот кој ВМРО-ДПМНЕ го бара за кандидат за претседател е човек кој со своите интелектуални капацитети и авторитет ќе помогне на државата на меѓународен и внатрешен план и ќе биде коректив и ќе го подобри законодавството.- вели Сајковски.