Сајковски бара од Европски фронт да предложи претседател на Комисијата за социјална политика
Претседателот на комисијата за прашањата за избори и именувања Ѓоргија Сајковски и официјално информираше дека ќе побара од Европскиот фронт да достават нов предлог за претседател на собраниската комисија за социјална политика на денешната седница на комисијата за избори и именувања .
Од Европскиот фронт и денеска за ТВ 24 велат дека нема да достават предлог до собранието бидејќи кој и да биде предложен од нивните редови ќе се соочи со истите проблеми и пречки во работењето како Илире Даути , па повикувајќи се на деловникот побараа собранискиот спикер Гаши да предложи претседател на ова собраниско тело .
Евроспкиот фрон за сега нема намера да достави нов предлог за претседател на собраниската комисија за социјална политика демографија и млади . Кој и предлог да го доставиме ќе се соочи со истите проблеми па еве го повикуваме согласно деловникот претседателот на собранието Африм Гаши тој да именува претседател на комисијата .
Илире Даути си поднесе оставка од претседателското место на комисијата за социјална политика демографија и млади откако и беше изгласана интерпелација по иницијатива на Левица поради тоа што не го ставаше на дневен ред предлог законот за бранителите на СДСМ .