Саинц и Ферари ја продолжуваат соработката
Foto

Саинц и Ферари ја продолжуваат соработката

Пилотот Карлос Саинц и Ферари постигнаа договор за продолжување на соработката по завршувањето на актуелната сезона во Формула 1.

Според „Motorsportweek“, извршниот директор на Ферари, Матија Биното изјавил дека страните веќе се договориле за условите на соработката и дека останува само да се официјализира на хартија.

Дваесет и седумгодишниот Саинц му се приклучи на Ферари во 2021 година, а претходно возеше за Торо Росо, Рено и Мекларен.

Минатата сезона, возачот го зазеде петтото место во поединечниот пласман. На првата трка од сезоната 2022 година минатиот викенд во Бахреин, Саинц беше втор. Победи неговиот тимски па ртнер Шарл Леклер.

0 Коментари

Остави коментари