САД: Зголемен бројот на жртви од контаминирани капки за очи
Бројот на смртни случаи поради употреба на контаминирани капки за очи во сад порасна на три лица, покажуваат новите информации на американскиот центар за контрола и превенција на болести.
Најмалку осум лица ослепеа, а на четворица мораше хируршки да им се отстранат очните јаболка.
Американските здравствени власти велат дека капките биле контаминирани со агресивен вид на бактерија отпорна на повеќето антибиотици. Веднаш од пазарот биле повлечени повеќе од 10 различни марки на вештачки солзи.