САД продолжуваат со притисокот врз Бугарија за деблокада за македонските евроинтеграции
САД очекува преговорите за членство на Македонија и Албанија со ЕУ, да започнат во најбрз можен рок. Ваква порака испрати американскиот заменик државен секретар Габриел Ескобар во телефонски брифинг со новинари од регионот .
Во транскрипт и аудио снимка објавена на официјалната страна на Стејт Департментот, покрај одговорот на Ескобар стои и прашањето од бугарски новинар , во кое се бара одговор од дипломатот - дали САД ќе пренесе порака до бугарските власти за деблокада и решение на спорот со Македонија :
Прашање новинар од „Клуб З“ Бугарија: Дали САД пренесоа или ќе пренесат порака до бугарските власти во врска со бугарското вето за почетокот на преговори со С. Македонија? Дали САД ќе направат нешто за деблокада и решение на овој спор?
- САД се убедени дека Албанија и С. Македонија направија важни реформи. Тие значајно ја придвижија нивната кандидатура. Преземаа огромни политички чекори, некои од нив многу болни, и заслужуваат да ја започнат меѓувладината конференција што е можно поскоро, се надевам годинава. И се надеваме дека сите европски земји - членки го сфаќаат стратешкото значење да се дозволи тие да го започнат овој процес, и се надевам дека ЕУ, како индивидуални земји-членки, и како организација ја разбираат стратешката вредност на Балканот и неговата интеграција во Европа. - изјав Ескобар.
Во бугарските медиуми пак се повпечатливи се насловите дека Вашингтон врши притисок врз Софија за деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија. Последните изјави на Ескобар за Радио Слободна Европа, бугарски Блиц ги протолкува и напиша во текст со наслов - САД ја малтретира Бугарија поради Македонија.