САД и Иран – колку се блиску до мировно решение?!
Продолжуваат преговорите за крај на конфликтот на блискиот исток...три месеци од почетокот на војната на САД и Израел против Иран, завојуваните страни не отстапуваат од своите позиции...Откако претходно побара од американскиот тим да не брза со преговорите, Трамп денеска испрати нова порака, мировниот договор со Иран или ќе ги реши сите спорни прашања или воопшто нема да го има...Не ја пропушти можноста да го критикува договорот кој го постигна претходната администрација предводена од Барак Обама , кој според Трамп , му овозможил на Иран слободно да развива нуклеарно оружје..
Доналд Трамп – претседател на САД: „Договорот со Иран или ќе биде одличен и значаен, или воопшто нема да има договор. Тој ќе биде целосна спротивност на катастрофата наречена JCPOA, договорена од неуспешната администрација на Обама, која претставуваше директен и отворен пат Иран да дојде до нуклеарно оружје. Не, јас не склучувам такви договори! “
Постигнат е напредок во разговорите со САД, но нема мировен договор на повидок, тврди иранската влада..од Министерство за надворешни работи откриваат дека има согласност за многу од темите што се на маса но и дека во моментов не се разговара за нуклеарните прашања...Ја обвинивија американската администрација дека секојдневните промени во ставовите се најголема пречка за постигнување каков било договор..
Есмаел Багаи - портпарол на министерството за надворешни работи на Иран: „Нема гаранции дека Соединетите Американски Држави ќе ги исполнат своите обврски во рамките на евентуален договор, но ние не се грижиме за заканите. Гаранција е лекцијата што им ја дадовме на агресорите. Фокусот на преговорите е на завршување на војната, а во оваа фаза не зборуваме за нуклеарно оружје. Заканите, притисоците и невистините се дел од политиката на другата страна од светот. Ние ја гледаме реалноста.“
А и покрај тоа што на сила е прекин на борбите во Либан, продолжува судирот меѓу Хезболах и Израел..Од Либанската влада обвинуваат дека не прекинуваат израелските напади , а југот на земјата и понатаму е окупиран..Во Либан денеска се одбележува Денот на отпорот и ослободувањето , откако на 25 мај 2000 година, израелската војска официјално се повлече од јужниот дел на Либан по повеќе од две децении окупација..
Жозеф Аун - Претседателот на Либан: „Либан нема да ја прифати оваа реалност и нема да прави компромиси, а патот кон целосно израелско повлекување ќе остане цврсто национално барање на кое либанската држава работи преку опцијата за преговори. Тоа нема да биде отстапка или предавање, туку потврда на ексклузивното право на Либан да ја заштити својата земја и суверенитет и да го прошири својот авторитет преку својата војска и легитимните сили за безбедност.“
Израелските медиуми пак повикувајќи се на извори од владата, тврдат дека Банјамин Нетанјаху, признал дека повеќе не може да влијание врз ставот на американскиот претседател...Во земјата расте загриженоста дека евентуалниот договор би можел да му обезбеди на Иран политичка заштита, да го намали економскиот притисок и да остави делови од неговата нуклеарна и регионална инфраструктура недопрени..
Times od Israel: „Се чини дека и втората причина на Нетанјаху за војната — градењето силни односи меѓу САД и Израел — исто така се распаѓа. Нетанјаху тврдеше дека тој и Трамп се партнери, но војната ја завршува на страна, без вистинско влијание. И не е единствениот што е оттурнат: покрај тоа што излезе од војната со Иран во стратешки несигурна позиција, Израел е историски непопуларен меѓу граѓаните на својот најголем сојузник. “
А по најавите за можен договор кој би ставил крај на американско-израелската војна со Иран, цените на нафтата на светските берзи забележаа значителен пад ..Од утрово, глобалната цена на референтната нафта од типот „Брент“ падна за 5,5 отсто, додека цената на американската нафта се намали за 5,8 проценти.

