САД и Иран ги завршија преговорите без договор

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс објави дека неговиот преговарачки тим го напушта Пакистан без да постигне договор со Иран.

Венс рече дека Иран одлучил да не ги прифати американските услови, вклучително и обврската да не гради нуклеарно оружје, објави Гардијан.

Во меѓувреме, иранските државни медиуми соопштија дека разговорите не успеале поради „неразумните барања“ на САД.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, сè уште официјално не коментираше за прекинот на мировните преговори со Иран. Но, тој во објава на неговата платформа Truth Social објави линк до статија од Џон Соломон, контроверзен американски новинар во која цитира експерти кои сугерираат дека Трамп „едноставно би можел да го надмине иранското влијание врз Ормутскиот теснец“.