САД и европски земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија
Проруските власти прогласија победа на рефдерендумите во сите четири украински региони и тврдат дека големо мнозинство се изјаснило за присоединување кон Русија.
Првичните резултати од гласањето во запорожје, херсон и луганск и доњецк покажуваат дека повеќе од 90 проценти од населението се залага за отцепување од Украина. Со оваа одлука се отвора патот на Русија, после Крим, кон себе да ги присвои и четирите региони од источна Украина каде во изминативе неколку месеци се водат најжестоките битки.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сепак останува на ставот дека четирите области се составен дел од украина, нарекувајќи го фарса референдумот кој го организираше официјална Москва.
„Спроведувањето на уште едно кримско сценарио, уште еден обид за анексија на украинска територија, ќе значи дека нема да имаме за што да разговараме со Владимир Путин.“ - изјави Володимир Зеленски претседател на Украина.
Европската унија се закани со санкции за сите кои се поврзани со организирањето и оддржувањето на референдумите додека пак Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави дека никогаш нема да ја признаат руската анексија. САД у неколку Европски држави веќе побараат од своите државјани да ја напуштат Русија.
За Москва гласањето има за цел да ги заштити русите кои живеат во тие области. Рускиот амбасадор во обединетие нации, предупреди дека референдумот можеби и не е последниот потег кој го повлекле руските власти.
„Сега Киев го отфрлаат не само жиителите на Крим и Донбас тиуку и оние кои живеат во Херсон и Запорожје. Овој процес ќе продолжи ако Киев не ги препознае и признае своите грешки.“ - изјави Васили Небензиа амбасадор на Русија во ОН.
Се очекува во петок Владимир Путин да се обрати пред пратениците и да ја потврди анексијата а веќе од следната недела треба да почне и формалното присоединување на регионите кон Русија.