САД го ставија Анѓушев на црна листа

Стејт департментот го стави Кочо Анѓушев на црната листа. Поранешниот вицепремиер е  неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во корупција. Освен на Анѓушев, забранет влез во САД имаат и неговата сопруга  и двете деца.

Во периодот од 2017 до 2020 година, во претходната Влада на Зоран Заев. Кочо Анѓушев беше вицепремиер за економски прашања.

„Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси.“ - се вели во соопштението од Стејт Департментот.

Американските власти велат дека со овој потег ги подрдржуваат сите оние во земјава кои бараат одговорност од корумпураните функционери.

„Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени.“ - се вели во соопштението од Амбасадата на САД во Македонија.

Црната листа на поранешни и актуелни функционери кои се најдоа под санкции од Соединетите американски држави постојано расте. Поради корупција, на списокот веќе се и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева, Сергеј Самсоненко и неговата сопруга. Покрај ова, и неколку нивни компании беа блокирани.