САД го откажаа настапот на Светско ракометно првенство
Foto

САД го откажаа настапот на Светско ракометно првенство

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави нема да учествува на Светското првенство во ракомет. Причината е голем број играчи со позитивни тестови за коронавирус.

Мундијалот ќе почне денес и ќе трае до 31 јануари во Египет. Американскиот тим ќе биде заменет со репрезентацијата на Швајцарија, која заврши на 16. место на Европското првенство.

Швајцарците ќе играат во Е-групата заедно со Австрија, Франција и Норвешка. Претходно, Чешка го откажа учеството и беше заменета со македонската репрезентација.

0 Коментари

Остави коментари