Ружин за ТВ 24: Сфативме дека Бугарите се непредвидливи во овој домен

Нано Ружин - екс амбасадор на НАТО во емисијата 24 анализа вели дека според изреката големите држави се однесуваат како што сакаат, а малите ако што мораат, а во овој случај, Кирил Петков се однесува како што мора.

- Вистината ќе се види за извесно време. Не можеме однапред да предвидиме, зошто сфативме дека Бугарите се непредвидливи во овој домен. Да се надеваме дека се ќе биде во ред. Геополитиката игра значајна улога, зошто Макрон сака величината на Франција која не може да ја добие сам по себе, туку преку ЕУ геополитички да ја прошири. Проектот на создавање на една политичка евроспа заедница. - рече Ружин.