Ружин за ТВ 24: Петков сака да го омекне јавното мислење во Бугарија кое беше инструментализирано од други членки на ЕУ
Foto

Ружин за ТВ 24: Петков сака да го омекне јавното мислење во Бугарија кое беше инструментализирано од други членки на ЕУ

Екс амбасадорот во НАТО Нано Ружин во емисијата 24 анализа вели дека дипломатот треба да е аргументиран и внимателен и да размислува и да гради позиција со дијалог.

- Ова што го прави владата треба да и се честита, бидејќи со Грција ние немавме дијалог, само ад хок случајни средби. Сега Ковачевски и Петков се нови во ова. Ни направи чест Петков што дојде во Скопје и се договорија да еден од петте проблеми е отфрлен. Петков е интелектуалец, отворен човек и тој сака да го омекне јавното мислење во Бугарија кое беше инструментализирано од други членки на ЕУ. - рече Ружин.

0 Коментари

Остави коментари