Ружин за ТВ 24: Логично е дека еден од двајцата кандидати на двете најголеми политички партии ќе биде идниот претседател

Поранешниот амбасадор Нано Ружин во емисијата 24 анализа рече дека двете најголеми политички партии мора да истакнат свој кандидат зошто истекува времето. Секогаш во таков случај, секој типува на својот кандидат и што помалку во трката тоа подобро за најголемите кандидати.

- Логично е дека еден од нив двајцата ќе биде идниот претседател. Во секоја изборна единица, тие две партии имаат свој претставник. Точно е дека и тактички се гледа. Ванковска би црпела од истиот изборен матерјал и изборно тело, на извесен начин би земала глас од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа со огледа на последните оценки на односите Силјановска Давкова и Пендаровски, наводно биле изедначени со симпатеризерите кои би гласале за нив. Поминуваме низ вообичаен систем на транзиција. Ќе видиме што ќе се случи и ќе биде интересна дебатата меѓу кандидатите. - вели Ружин.