Русковска не ја коментира пријавата од Рашковски „Софтвери“: Сведочеше член на обезбедувањето на Рашковски

Со изведување докази и испрашување на тројца сведоци заврши денешното рочиште за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Паралелно со случајот Софтвери, Рашковски вчера поднесе кривични пријави против обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева  за кривични дела по кои очекува обвинителството да постапува за злоупотреба на службена должност, поднесување лажни докази и против-правно лишување од слобода. 

Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска пак не сакаше да ги коментира кривичните пријави против неа поднесени од Драги Рашковски, против кого денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери“.За ТВ24 кажа дека скеој има право да поднесе пријава. Ексгенералниот секретар пак вчера порача дека ги сомничи за непрофесионалност. 

Пралалено со пријавите на Рашковски, тече и судскиот процес против него за спорниот тендер за набавка на софтвер за биометриска идентификација. На денешното рочиште се испрашуваа тројца сведоци, а еден од нив беше и Мухамед Халит, кој во тој период бил обезбедување на Рашковски. Халит пред судот рече дека покрај стандардните обврски, тој од лично од Рашковски добивал и пари со кои плаќал школарини, осигурување и кредити за неговото семејство. Рашковски потврди дека му ги давал парите на Халит и рече дека ќе го докаже потеклото на средствата. 

- Уплатите беа за Рашковски, за неговата школарина, за школарина за неговото дете и за осигурување на неговото потесно семејство – сопругата и децата. Овие упати ги вршев откако ќе добиев обврска, ќе ми беше пишано што треба да се направи и ќе појдев во банка да ги уплатам средствата. Уплатите ги вршев во Тутунска банка. Уплатите ги вршев во готово, со тоа што Рашковски ќе ми ги дадеше парите и ќе ми пише каде и како да се упати. Јас ќе отидам и ќе завршам. - изјави Халит.

Покрај Халит, на денешното рочиште сведочеа и директор и вработен од компанијата „Дигитал Медиа лаб“ која учествуваше во јавната набавка за спорниот тендер. Директорот Александар Пејчиноски рече дека софтверот е набавен од факултетот ФИНКИ, а хардверската опрема од компанијата ГВЦ системи. На прашањето кој ја направил јавната набавка, рече дека неможе да одговори, бидејќи тој дел од работата не бил во негова надлежност.

Сведокот Костадин Ѓурчилов, вработен во „Дигитал Медиа лаб”, кажа дека со Владата имале уште една соработка – тендер за изработка на Систем за биометриска идентификација. Ѓурчилов сепак рече дека тој многу малку учествувал во презентациите на овој софтвер и поради тоа не може да открие повеќе детали пред судот. На денешното рочиште, исто така, Народниот правобранител побара имотно побарување од обвинетите во износ од 1,4 милион денари.

Судскиот процес за случајот „Софтвери” се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, застапник на обвинението е Ивана Трајчевска, а главната расправа ќе продолжи на 14 декември.