Руските верници се капеа и на -30 степени
Foto

Руските верници се капеа и на -30 степени

Големиот христијански празник Богојавление - Водици се облежува и во светот. Најмасовно овој празник се прославува во Русија.

Православните христијани, традиционално влегуваа во осветените води, во реките и во езерата ширум земјата, дури и на места, каде што температурата е и под минус 30 степени. На овој празник, Русите дури три пати нурнуваат во ледената вода, за да, според вериувањето, се исчистат од гревовите и си ја вратат силата на духот.

Медицински тимови, најчесто се на местата каде што верниците се капат, и предупредуваат дека влегувањето во ледена вода не е штетно само за потполно здравите луѓе.

0 Коментари

Остави коментари