Рускиот патријарх лут на Вартолемеј за МПЦ: Забиен е нож во грбот на Србија
Foto

Рускиот патријарх лут на Вартолемеј за МПЦ: Забиен е нож во грбот на Србија

Неодамнешната средба на вселенскиот патријарх Вартоломеј со македонската делегација во Цариградската патријаршија и пораките што дојдоа ги отвори надежите дека наскоро би можела работите да тргнат за да се реши проблемот со признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

И откако се постави прашањето дали на иста маса ќе седнат претставници на МПЦ и на српската православна црква со вселенскиот патријарх и можноста да се реши долгогодишниот проблем на МПЦ, стигнаа студени тонови од руската црква. Шефот на прес службата на рускиот патријарх Кирил, Владимир Легојда, намерата на вселенската патријаршија да го реши прашањето за афтокефалноста на МПЦ ОА, ја нарече нож во грб за Српската православна црква.

„Очигледно е дека патријархот Вартоломеј одлучил да ги задоволи барањата на сите политички елити, кои ја користат верата во своите игри. Тој всушност и „зари“ нож во грбот на Српската православна црква, која сега страда поради политиките на црногорските власти.“ - велат од прес службата на руската црква.

Според пишувањата на „Ортодокс Тајмс“, патријархот Вартоломеј е можно на средба да ги повика претставниците на МПЦ и СПЦ. По стапувањето на сила на Преспанскиот Договор и промената на името, почнаа да стигнуваат позитивни сигнали – дека е можно признавање на автокефалноста на МПЦ.

Тогаш руските весници пишувааа дека усвојувањето на уставните измени покрај ЕУ и НАТО може да влијае и врз признавањето на Македонската Православна Црква. Рускиот патријарх пак Кирил испрати порака дека Вселенската Патријаршија може да подготви таканаречено украинско сценарио за признавање на МПЦ.

0 Коментари

Остави коментари