Руски дронови влегоа во Полска

Руски дронови над Полска...Борбени авиони соборија беспилотни летала кои го нарушија Полскиот воздушен простор за време на напад врз соседна Украина...Најмалку 19 руски дронови влегле во земјата а последниот е соборен рано утрово ..Остатоци од беспилотни летала се најдени на територијата на цела држава..Привремено затворени беа четири аеродроми, вклучувајќи го главниот аеродром Шопен во Варшава и аеродромот Жешов- кој е центар за транспорт на патници и оружје во Украина... 

„Досега не сме се соочиле со вакви предизвици, но можам да ве уверам дека армијата ги искористи сите расположиви сили и ресурси за да ја обезбеди безбедноста на нашиот воздушен простор, кој е исто така и воздушен простор на НАТО. “

 

Од полската влада велат дека влегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата е чин на агресија..Побарано е  активирање на Членот 4 од Договорот за НАТО а се водат разговори со сојузниците за засилување на полската противвоздушна одбрана...Доналд Туск предупреди дека можноста за воен конфликт е поблиску од кога било по Втората светска војна...

„Немам причина да тврдам дека сме на работ на војна, но границата е премината и е неспоредливо поопасно од претходно. Она што е ново, тоа е правецот, првпат не е од Украина, како порано, грешка или ситна провокација на Русија, туку директен упад од Белорусија. “

Од НАТО велат дека се уште се прават проценки...Според Генералниот секретар на алијансата, без разлика дали било намернo или не, инцидентот е опасен преседан...

„До Путин, мојата порака е јасна: запрете ја војната во Украина, престанете да ја ескалира војната,  престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците. Знајте дека сме подготвени, дека сме будни и дека ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“. 

Руското МНР негира дека Москва е одговорна за нападот и ги повика Полските власти да обезбедат докази дека дроновите се од руско потекло...

Ги сметаме обвинувањата за неосновани. Русија апсолутно не е заинтересирана за каква било ескалација со Полска, но, за жал, не можеме да сметаме на полските власти дека ќе нè слушаат во нивната антируска лудост.“

Од министерството за одбрана на белорусија, велат дека дроновите случајно влегле во полскиот воздушен простор откако нивните навигациски системи биле блокирани...Според заменик министерот, Павел Муравјеика, белоруската армија соборила неколку летала над нивната територија...Тврдат и дека соседните земји навремено биле информирани...

„Додека Руската Федерација и Украина синоќа разменуваа напади со беспилотни летала, системот за воздушна одбрана на Република Белорусија постојано ги следеше беспилотните летала што скршнаа од курсот поради електронско блокирање од двете страни. Некои од залутаните беспилотни летала беа уништени од белоруската одбрана над територијата на земјата. Полска и Литванија беа информирани за приближувањето на беспилотните летала. “

Европските лидери застанаа зад Полска...За претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта,  синоќешниот инцидент е потсетник дека безбедноста на еден е безбедност на сите...

„Континуираната агресија на Русија против Украина и неодговорните упади во воздушниот простор во земјите членки на ЕУ претставуваат директна закана за безбедноста на сите Европејци и за критичната инфраструктура низ целиот наш континент.“ 

 

Покрај полските авиони Ф-16, во акцијата за заштита на полскиот воздушен простор учествувале и холандски и италијански авиони ...Британските медиуми, повикувајќи се на извори од НАТО, наведуваат дека во моментов, инцидентот во моментов не се третира како напад и дека Руските беспилотни летала на радар ги забележале и системите „Патриот“, но не отвориле оган.