Руска амбасада: Нема основ за тврдењата на Османи дека сме заинтересирани за конфликт меѓу Македонија и Бугарија

Нема основ за тврдењата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, дека сме заинтересирани за конфликт меѓу Северна Македонија и Бугарија, реагира амбасадата на Русија во земјава после изјавата на шефот на дипломатијата.

„Обрнавме внимание на изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија Б. Османи дека „третиот фактор“ заинтересиран за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Северна Македонија и Бугарија, е Руската Федерација. Убедени сме дека нема основа за такви тврдења, а камоли докази, како што беше случај повеќе пати. Напротив, придонесот на нашата земја во решавањето на конфликтите на Балканот во изминатите многу децении, вклучувајќи во БиХ и во „српската автономна провинција Косово и Метохија“, не може да се прецени. - велат од Руската мбасада во Северна Македонија.

А пред чевствувањето на роденденот на Гоце Делчев во Сабота, главниот комесар на бугарското Министерство за внатрешни работи Станимир Станев вели дека Бугарија може да обезбеди помош во полицајци за настанот ако има такво барање од македонското МВР.

- Северна Македонија е одговорна за настанот, но ние можеме да обезбедиме помош. Со Македонија се разменуваат информации за движењето на луѓето, што им е потребно на двете земји со цел непречено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. - изјави Станимир Станев, главен комесар на бугарското Министерство за внатрешни работи.

А поранешниот бугарски заменик министер за надворешни работи Милен Керемедчиев вели дека тој очекува судири на 4 Февруари.

- Очекувам судири, бидејќи очигледно одредени политички сили и нивните симпатизери одат на овој празник со такво расположение и таква подготовка. Од друга страна, како што е познато, и ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува своите симпатизери за доста сериозни судири со бариери и блокади. - изјави Керемедчиев.

Керемедчиев исто така претпоставува дека поагресивните и криминалните лица нема да можат да влезат на територијата на Северна Македонија, но истовремено истакна дека македонските власти нема да се обидат да го спречат европратеникот Ангел Џамбаски.