Русија за првпат призна: „Ние сме во војна“

Што во пракса значи оваа промена на реториката, дали значи дополнителна ексалација на војната и што ќе смени на теренот, анализира Сеад Ризвановиќ.

Повеќе од две години од почетокот на руската инвазија на Украина, Кремљ призна дека Русија е „Во војна“ со Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во интервју за рускиот неделник „Аргументи и факти“ кое беше објавено денеска, за првпат проговори за „војна“, наместо како до сега кога беше користен терминот „специјална воена операција“.