Русија „пробно“ го запира интернетот
Foto

Русија „пробно“ го запира интернетот

Русија планира накратко да се исклучи од интернет, како дел од планираната кибер војна во иднина. Како резултат на ваквата вежба, податоците, кои поминуваат меѓу руските граѓани и организациите, ќе останат во земјата, наместо да се пренасочат меѓународно. Се очекува тестирањето да се случи пред 1 април, но засега се уште нема точен датум. Предлог-законот, кој се нарекува национална програма за дигитална економија, бара од руските интернет-провајдери да обезбедат дека тие можат да работат дури и ако надворешни сили се обидат да го изолираат присуството на интернет на Русија.

 

0 Коментари

Остави коментари