Русија повторно го нападна Киев
Руската армија во текот на ноќта изврши нов воздушен напад врз Киев. Остатоци од собореното оружје паднаа во неколку области, при што беа повредени најмалку две лица и оштетена станбена зграда, соопштија првите луѓе на градот. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко откри дека итните служби биле испратени во југозападниот дел на Киев, каде дел од проектилот удрил во покривот на станбена зграда, предизвикувајќи пожар кој веднаш бил изгаснат.