Русија нема да ја продава вакцината се додека не обезбеди доволно за своите граѓани
Foto

Русија нема да ја продава вакцината се додека не обезбеди доволно за своите граѓани

Истокот и западот во здравствена војна, која вакцина против коронавирусот ќе биде поефикасна? Дали ќе победи нужноста или сепак сигурноста?

Додека Светската здравствена организација ја оспорува руската вакцина велејќи дека истата не е меѓу деветте што се во напредни фази на тестирање, дваесетина земји веќе бараат да ја купат. Познато е и кој е првиот човек од Балканот кој ќе прими доза „Спутник“. Станува збор за раководител на катедра во руски универзитет, лекар специјалист од Црна Гора, кој е сигурен дека вакцината е безбедна. 

- Додека на Балканот се поприсутни се изјавите на лекарите што сметаат дека руската вакцина е добра, бројни се сомнежите изразени од експерти од САД за ефикасноста на „Спутник“. - вели Сергеј Болјевиќ.

- Кога ќе слушнете информации за развој на вакцина во Русија и Кина, секогаш мора да знаете дека во тие земји безбедносните стандарди се разликуваат од тие во Соединетите Американски Држави. - вели Ентони Фаучи.

Во меѓувреме, Европската комисија објави дека резервирала до 400 милиони дози на потенцијална вакцина против коронавирус, којашто ја развива американската корпорација „Џонсон и Џонсон“. Пристап до вакцината кога ќе завршат целосните истражувања, ќе имаат земјите членки на ЕУ. 

Си-ен-ен објави дека руските власти му понудиле на Вашингтон заедничка соработка околу вакцината за КОВИД-19, а тие одбиле. Ова денеска беше негирано од страна на министерот за здравство на Русија, велејќи дека не се обратиле до американската страна со ниту еден официјален предлог во врска со вакцината.

Дали руската вакцина против ковид-19 може да биде едно од решенијата за Македонија како превенција од ширењето на коронавирусот или, пак, државата ќе се координира со принципите на Европската Унија и Светската здравствена организација (СЗО) за користење на вакцината?

Оваа дилема е актуелна во последните неколку дена, додека еден дел од македонската јавност смета дека дека Македонија не треба да чека и дека политиката не треба да биде пресудна за тоа од каде ќе се набави вакцината против ковид-19, другиот дел смета дека за вакцинација на населението се најважни безбедноста и ефикасноста, нешто што допрва емпириски и во соодветен обем треба да се потврди кај руската вакцина. 

0 Коментари

Остави коментари