Русија: Над 900 украински борци од „Азвостал“ во казнена колонија

Украинските војници кои ја бранеа челичарница „Азовстал“ во Мариупол, завршија во поранешна затворска колонија под контрола на руската армија.

Нивната судбина е неизвесна. Украинската влада се надева дека во брзо време ќе ги размени за руски војници кои беа заробени во изминативе неколку месеци. Oд Кремљ пак не откриваат дали неколкуте стотици војници кои се предадоа ќе бидат третрани како криминалци или воени заробеници.

„Сè уште не заминале сите. Повеќе од половина веќе заминале, повеќе од половина веќе го оставиле оружјето и си заминале со бело знаме.“ - изјави Денис Пушилин лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк.

Советник на украинскиот претседател ја отфрли можноста да се направи компромис со Москва...Според Олексиј Арестович, Украина во никој случај нема да се откаже од својата територија а единствена опција за помирување, е пораз на Русија.

Володимир Зеленски пак вели дека и покрај тоа што руската армија освои неколку градови во Источна Украина, инвазијата не ги дала посакуваните резултати.

„На државниот и воениот врз им е страв да признаат дека направија катастрофални грешки. Руската инвазија е апсолутен неуспех.“ - изјави Володимир Зеленски претседател на Украина.

Во украина почнаа судењаата за злосторствата кои ги направиле припадниците на руѕската армија. Двајца војници денеска признаа дека намерно гранатирале цивилни области во Украина. Претходно, 21-годишен руски војник, призна убиството на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на инвазијата. Доколку биде прогласен за виновен, го очекува казна доживотен затвор.