Русија лансираше 479 дронови врз Украина

Русија лансира 479 дронови врз Украина во најголемиот напад со беспилотни летата од почетокот на војната, соопшти денеска украинското воено воздухопловство.

Русија лансира и 20 различни ракети врз делови од Украина.

Украинската противвоздушна одбрана уништила 277 дронови и 19 ракети во лет, а само 10 беспилотни летала или ракети погодиле мета.

Руските воздушни напади почнуваат доцна навечер бидејќи потешко се забележуваат во темница.

Русија тврди дека гаѓа само воени цели.